Мега-судир на „титаните“: Роналдо против Меси, Јувентус против Барса во Групата Г од ЛШ

Нов мега-судир на „титаните“… Кристијано Роналдо и Лионел Меси повторно ќе се соочат на терените, овој пат во групната фаза од Лигата на шампионите. Јувентус и Барселона ќе играат во Групата Г од ЛШ, одлучи денешната ждрепка во Нион.

На Јуве и Барса во Групата Г друштво ќе им прават Динамо Киев и унгарски Ференцварош.

Повеќе од интересна ќе биде и Групата Х во која ќе се соочат ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лајпциг и Истанбул Башакшехир.

Во Групата А, Баерн Минхен ќе биде со Атлетико Мадрид, а Реал Мадрид го доби Интер во пресметката од групите како начин за продор во елиминациската фаза од ЛШ.

Натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите стартуваат на 20. октомври.

ЖДРЕПКА – ЛИГА ШАМПИОНИ

ГРУПА А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салзбург, Локомотив Москва

ГРУПА Б: Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах

ГРУПА Ц: Порто, Манчестер сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј

ГРУПА Д: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд

ГРУПА Е: Севилја, Челси, Краснодар, Рен

ГРУПА Ф: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж

ГРУПА Г: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош

ГРУПА Х: ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лајпциг, Башакшехир

Се вчитува...