Мегатрансфер на Чаир: Муарем Муарем потпиша за Шкупи

Чаирска романтика. Мегатрансфер се случи во Шкупи, откако македонскиот фудбалски интернационалец Муарем Муарем потпиша двегодишен договор. Тој денеска и официјално беше претставен како големо засилување пред настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

„Среќен сум, затоа што по 11 години се враќам во клубот што го сакам од мојата младост и ќе играм во моето соседство, каде што и ја почнав фудбалската кариера. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам на тимот и дека ќе дадам полн придонес во овој нов одличен проект на клубот“, изјави Муарем Муарем.

Тој неколку сезони беше на печалба, играше во Албанија за Фљамуртари и за Флора, во Турција беше член на Ордуспор, Карабукспор, Ескишехиспор, а во Казахстан настапуваше за Актобе. Во Македонија Муарем Муарем играше за Работнички и за Тетекс.

Се вчитува...