Мегатрансфер на „Олд Традорд“- Санчо ги договорил платата и бонусите со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед веројатно ја доби трката за англискиот репрезентативец, Џејдон Санчо. Англиските медиуми откриваат дека младиот фудбалер и Јунајтед ги договориле сите детали отколу трансферот. Тоа подразбира дека е постигнат договор за платата, бонусите, откупната калузула. Сега на Манчестер Јунајтед му преостанува само да се договори со Борусија Дортмунд за висината на обештетувањето.

Напаѓачот кој е проценет на околу 100 милиони фунти се очекува да го напушти германскиот клуб по завршувањето на сезоната која е во прекин поради коронавирусот. Тој во Борусија имаше фантастична сезона, постигна 17 гола дополнети со 19 асистенции и се проби на врвот на листата најпосакувани фудбалери.

За него се заинтересирани и Челси и Реал Мадрид. Во Борусија Дортмунд отиде на 17 години откако не доби шанса кај Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Заминувањето во Бундеслигата му донесе огромен подем и место во англиската репрезентација.

 

Се вчитува...