По триумфот на Шкендија, во таборот на Победа не го кријат задоволството од освоените три бода и издвојувањето на табелата од конкурентите за опстанок, Пелистер и Скопје.
Шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски потенцира дека не е мала работа да се победат Вардар и Шкендија, што само дава мотив за продолжување на битката, иако до крајот на првенството ги очекуваат уште тешки предизвици.
„Воопшто не е мала работа да се победат и Вардар и Шкендија. Но, ќе повторам како и претходно, дека за тоа се заслужни фудбалерите кои овој период максимално ангажирано пристапуваат на клучните натпревари. Имаме навистина набиен ритам на натпревари, и поради тоа очекувани се и падови во играта, но мислам дека сме блиску до целта – а таа е опстанок во лигата. Сепак, по вчерашниот триумф над Шкендија не смее да има еуфорија затоа што сега не очекуваа најтешките предизвици. Наредниве седум дена имаме дуели со Академија Пандев и со Работнички од кои секако неопходни ни се бодови“ – вели Мегленски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА