Мегленски: Го посакував Борец за баражот и го добивме…, сега од нас зависи!

Шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски го посакуваше Борец од Велес за противник во баражот за пополнување на Првата лига… И, по вчерашниот триумф на Борец против Гостивар во предбаражот желбата се исполни.

Мегленски нагласува дека нема да биде потценет воопшто противникот но знае дека Победа ја носи фаворитската улога. А, ако се загуби на тој дуел тогаш и навистина не ја заслужуваат Првата лига…

„Во баражот, како што и посакувавме, ќе игра со Борец се надевам дека ќе излеземе како победници. Но, ако евентуално го загубиме тој натпревар тогаш ние навистина и не заслужуваме да играме во Првата лига. Играме со условно кажано послаб противник – второлигаш. Не сакам никого да потценам, јас така го разбирам фудбалот во овој момент“ – вели Мегленски и дополнува:

„Од играчка гледна точка на располагање се сите фудбалери, немаме ни повредени ни казнети и мислам дека оваа шанса за Победа не смее да се пропушти. Како град, како клуб, во наредниот период имаме огромен потенцијал“.

Бараж пресметката меѓу Победа и Борец ќе се игра на 2. јуни (сабота) од 16:30 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...