Мегленски: Императив ни е победа против Беласица во Струмица

По паузата поради настапите на репрезентацијата, фудбалерите на Победа денескаги очекува гостување на Беласица во Струмица, во натпревар од 10. коло од Првата лига.

Прилепчани во комплетен состав патуваат за Струмица, без повредени и казнети фудбалери кои комплетно ќе бидат на располагање на стручниот штаб.

„Се работи за старо македонско дерби Победа – Беласица. Дуел на долгогодишни спортски ривали но истовремено и клубови спортски пријатели. Изминатиот период често гостувавме во Струмица каде наидовме на одличен прием и гостопримство и затоа сме благодарни. Но сега сме концентрирани на неделниот меч. Не очекува дуел кој е од големо значење за двата клуба. Ние паузата ја искористивме на најдобар начин. Се работеше доста напорно и подготвени влегуваме во дуелот со струмичани. Комплетни сме, што значи нема повредени и казнети и со најдобриот состав ќе се спротивставиме на домаќинот. Ние, како впрочем и на сите досегашни натпревари, ќе ја играме нашата игра и наш императив е победата. Очекувам и ќе барам од моите фудбалери да го дадат максимумот од себе а кој ќе биде подобар по 90 минути тој нека победи. Посакувам тоа да бидеме ние затоа што победата би била многу значајна за продолжението на шампионатот“ – вели шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски.

Натпреварот Беласица – Победа се игра на стадионот „Младост“ со почеток од 14:30 часот, а главен судија ќе биде интернационалецот Димитар Мечкаровски. На стартот на оваа сезона Победа ја совлада Беласица во Битола со 1-0 со голот на Нвабуезе.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

Струмица: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...