Мегленски: Многу значајни три бода против цврст тим како Ренова

Стратегот на Победа, Тони Мегленски е и тоа како задоволен од стартот на новата проволигашка сезона на својот тим. По вчерашниот триумф против Ренова во Битола, Победа по пет кола е на петтата позиција со осум бода, четири помалку од лидерот Академија Пандев.

„Повеќе од заслужена наша победа и освоени три многу значајни за нас бодови. Отворивме агресивно и навистина можеме само да жалиме што во раната фаза од натпреварот не постигнавме барем уште еден до два гола. Задоволен сум од играта на моите фудбалери. Одиграа онака како што се договоривме и немам никакви забелешки. Ренова ја анализиравме и знаевме дека се квалитетен и незгоден тим, но успеавме да ги неутрализираме. Ова е многу важна победа за нас, а како и што постојано потенцирам, ние одиме од натпревар до натпревар и со сите противници на победа“ – вели Мегленски.

Прилепчани сега во среда ги очекува и настапот во осминафиналето од Купот на Македонија…

„Не очекува куп натпревар во среда во Гостивар. И во Купот имаме свои планови, желби и амбиции. Имаме солиден ростер и ќе настојуваме уште на првиот меч да оствариме поволен резултат кој би ни дал можност за помирен реванш и пласман во четвртфиналето“ – вели Мегленски.

Се вчитува...