Мегленски: Направивме грешки кои Работнички знаеше да ги казни

Победа го загуби натпреварот против Работнички под „Тумбе кафе“ со 0-2. Уште на самиот старт, „романтичарите“ поведоа од пенал со голот на Остоја Стјепановиќ, а во вториот дел Петар Петковски постигна уште еден погодок по брз противнапад.

Тренерот на прилепскиот тим, Тони Мегленски, смета дека Победа сама се победила на овој дуел, правејќи грешки што противникот знаеше да ги казни.

„Раниот примен гол од пенал по наша грешка можеби ги смени нештата во текот на натпреварот, но ние имавме веднаш шанса да се вратиме резултатски. Не искористивме шанса за израмнување во 1-та минута од вториот дел . На крајот гледано можам да кажам дека сами се победивме на овој натпревар. Не ги искористивме своите шанси а противникот ги искористи своите и знаеше да не казни. Бевме брзоплети во завршницата. Пристапот во играта на моите фудбалери беше коректен. Во нашата лига разликата меѓу екипите е 5-10% и вакви моменти киксеви и грешки го решаваат натпреварот. Играме добро и се надевам дека од натпревар во натпревар ќе биде се подобро.  За три дена во среда не очекува уште еден тежок меч гостување во Струга во Купот на Македонија. Треба добро да се одмориме и да направиме анализа на овој меч. Има многу натпревари за играње, првенството е долго. Треба добрите работи да ги подобруваме а лошите да ги анализираме и да се трудиме да ги исправаме“, изјави Тони Мегленски.

 

Се вчитува...