Мегленски останува на кормилото на Победа: Имавме многу негативна енергија околу нас, сега личните интереси да се остават на страна!

Еден од најзаслужните за опстанокот на прилепска Победа во прволигашкото друштво, Тони Мегленски и дефинитивно ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на прилепчани во новата натпреварувачка сезона.

Раководството и официјално се договори со Мегленски, кој досега само ја вршеше должноста тренер, да го предводи тимот во сезоната 2018/2019.

Мегленски е секако задоволен од продолжената соработка, посебно во ситуација кога е изборено останување во елитата, притоа нагласувајќи дека Победа е клуб во кој не смее да има повеќе импровизации. Според Мегленски, изминатиов период имало многу негативна енергија околу клубот и тоа не треба да биде повеќе така, а личните интереси од било кого да се остават на страна…

„Изминатава сезона на некој начин околу клубот имаше насобрано некаква голема негативна енергија, се надевам дека тоа понатаму нема да го има и сум задоволен од постигнатиот успех со обезбедениот опстанок во лигата. Ако може да се каже успех, затоа што за мене е успех само излез во Европа. Затоа што Победа е едиинствен клуб кој никогаш не отпаднал од Прва лига, зборувам од Прва лига, едиинствен во Македонија, и се надевам дека понатаму ќе имаме само успеси. Сакам да се заблагодарам на сите играчи за досегашната соработка затоа што само ние во соблекувалната знаеме на што се бевме изложени во овој месец и половина. Исто така сакам да се заблагодарам на управата, затоа што откако јас сум во клубот ретко се вовело ваков професионализам. Токму затоа искрено верувам и знам дека Победа ќе биде значаен фактор на домашната фудбалска сцена следната сезона“ – вели Мегленски.

Се вчитува...