Мегленски, пред шест месеци доби отказ, сега повторно тренер на Победа

Тони Мегленски, по само шест месеци откако доби отказ, повторно е именуван за шеф на стручниот штаб на прилепска Победа.

По оставката на Јане Николоски, акционерите и сопственици на ФК Победа одлучија довербата да го води тимот повторно да му ја дадат на Мегленски како човек кој долго е во клубот и кој ги познава состојбите во редовите на прилепскиот прволигаш и посебно играчкиот кадар.

Како што информираат од клубот, Мегленски официјално ќе биде промовиран во понеделник (25. март) во 12 часот во клупските простории на Победа на отворена прес-конференција на која ќе можат да присуствуваат и сите љубители на фудбалот, навивачи и спортски работници.

Се вчитува...