Мегленски: Заслужено… Првата лига без Победа не ја личи!

Сосема очекувано шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски не го криеше задоволството од опстанокот во Првата лига по сезоната со многу турбуленции за прилепчани.

На крајот, Мегленски е тој кој по повеќе од напорната сезона го зачува прволигашкиот статус за Победа.

„Заслужено, затоа што Победа и Прилеп и се неопходни на Првата лига. Без нив не ја личи. Одигравме натпревар за триумф против Борец и заслужено се изборивме за опстанок. Се надевам на многу помирна и поуспешна следна сезона во која на вистински начин повеќе ќе ги радуваме нашите најверни навивачи“ – истакна Мегленски по бараж пресметката во Струмица.

Се вчитува...