Мегрегор: Светската слава ме „скрши“ (ФОТО)

Конор Мегрегор најави дека се повлекува од социјалните мрежи само неколку денови откако призна дека големата светска слава го „скршила“.

Ирецот беше дел од конференцијата за медиуми по спектаклот БКФЦ 82 во Њуарк каде отворено говореше за проблемите со кои се соочува поради статусот на светска ѕвезда признавајќи дека некогаш се чуствува „скршено“ од прегустиот распоред и тренинзите за борби.

Сега Мегрегор на социјалните мрежи објави фотографија насловена „Еј луѓе на интернет. Заминувам оттука на некое време, се гледам наскоро. Мојата љубов е непоколебива. Ви благодарам на сите!“.

Се вчитува...