Олимпиецот Лука Заложник дел од меморијалниот меѓународен турнир „Др. Јосиф Наумовски“ во Скопје

Федерацијата на коњички спортови на Република Македонија со поддршка на Град Скопје и Агенција за млади и спорт викендов го организираат Меѓународен коњички турнир „Скопје 2018“- меморијален куп „Д-р Јосиф Наумовски“.

Терените на хиподромот во Маџари ќе бидат домаќини на натпреварувачи од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија, а меѓу нив и македонскиот олимпиес Лука Заложник, кој е голема надеж за овој спорт во Македонија и е наш претставник на ЛОИ 2020 во Токио.

Меморијалниот куп „Д-р Јосиф Наумовски“ се одржува во чест на големиот вљубеник во коњичкиот спорт и еден од најголемите спортски работници и активисти кој целиот свој животен век го посвети на развојот, афирмацијата и популаризацијата на коњичкиот спорт во Македонија и надвор од неа. Човек кој по професија беше еден од врвните кардиолози- интернисти во државата, со своите дела како спортист и вљубеник во овој спорт, до последниот ден активно придонесуваше за развојот на коњичкиот спорт во земјава

Почетокот на турнирот е во 11 часот, а ќе се одржат шест натпревари во прескокнување на пречки во височина од 1 до 1.30 метри.

Се вчитува...