Мегваер е „киксер“ на деценијата, со нова глупост подари гол на Севилја (видео)

Хари Мегваер уште еднаш се покажа како супер-малер за Манчестер Јунајтед. Англискиот репрезентативец си постигна автогол во финишот за 2-2 на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа со Севилја, а вечерва повторно се истакна и на почетокот од реваншот, подарувајќи му на шпанскиот тим гол за водство од 1-0.

Мегваер непотребно тактизираше, најпрвин му врати топка на Де Хеа, а кога ја доби назад од голманот почетнички ја загуби, по што Ен Несири немаше проблем да ја затресе мрежата на Јунајтед.

Најновиот „кикс“ на Хари Мегваер во дресот на Манчестер Јунајтед можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...