Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, е подготвен да одбие понуда од Саудиска Арабија од 500.000 фунти неделно доколку „Црвените ѓаволи“ му понудат нов договор. Актуелниот договор на дефанзивецот истекува на крајот од сезоната, а сериозен интерес за неговите услуги покажува Ал-Наср, каде што повторно би можел да биде соиграч со Кристијано Роналдо.
Мегваер, кој полнi 33 години во март, е во искушение од идејата за толку профитабилна опција, но во исто време е категоричен дека таква понуда нема ни да се разгледа ако „Олд Трафорд“ сака да го задржи по летото. Шефовите на Манчестер Јунајтед сè уште го разгледуваат својот пристап кон ситуацијата, но понудата до дефанзивецот за нов договор е на дневен ред и сериозно се разгледува, а разговорите меѓу двете страни веројатно ќе се одржат во наредните недели. Менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, исто така е поддржувач на идејата играчот да остане во тимот.
Хари Магваер се приклучи на клубот за 80 милиони фунти од Лестер во летото 2019 година, кога на чело беше Оле Гунар Солскјер. Капитенската лента му беше доделена само неколку месеци подоцна, но лошите настапи и критиките за неговата форма постепено доведоа до влошување на неговата форма. Лентата му беше одземена од Ерик тен Хаг, кој му ја даде на Бруно Фернандеш , но шест години подоцна Магваер е сè уште дел од Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

