Мегваер конечно донесе малку радост на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед барем за момент им донесе радост на своите навивачи, славејќи со 2-1 на дуелот од ФА Купот против Лестер што беше решен буквално во последната минута со голот што го постигна Хари Мегваер.

„Црвените ѓаволи“ беа шокирани откако повторно им се случи гостинот прв да поведе на нивниот стадион. Сепак, за разлика од претходните натпревари овојпат избраниците на Аморим најдоа начин да направат целосен резултатски пресврт, откако Циркзе стрелаше прецизно за 1-1.

На вториот гол се чекаше до 93. минута, кога по еден центаршут топката долго леташе, на вториот дирек осамен се најде Мегваер, кој со глава го матираше голманот на Лестер и ги скрши срцата на фановите на својот поранешен клуб, предизвикувајќи еуфорија меѓу домашните навивачи на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...