Хари Мегваер имаше уште една лоша епизода во одбраната на Манчестер Јунајтед, помагајќи му на Саутемптон да стигне до израмнување во самиот финиш од синоќешниот натпревар на „Олд Трафорд“.
При корнерот на „светците“ Мегваер изреагира почетнички, па наместо противничкиот фудбалер, тој го чуваше соиграчот Ван Бисака, спречувајќи го десниот бек да скокне по топката. Така, таа дојде до нозете на Обафеми, кон немаше тешка задача од два метри да ја спроведе до мрежата.
Јунајтед загуби значајни два бода и остана на петтото место, правејќи огромен чекор наназад во трката за учество во ЛШ следната сезона. И тоа по вина на најскапиот светски дефанзивец, кој уште еднаш покажа дека воопшто не вреди 80 милиони фунти, колку што „црвените ѓаволи“ му платија на Лестер минатото лето.
£80M Harry Maguire marking his own player on the corner instead of the opposition, I’m finished??? pic.twitter.com/oGV0TuwXJa
— ً (@TheImmortalKop) July 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА