Мејведер го продава своето „Бугати“ за 3.95 милиони долари!

Флојд Мејведер е познат по прекарот „пари“ и со години е на врвот на листата на најбогатите спортисти во светот. Но, славниот боксер кој вообичаено се фали со сандаците полни со пари, деновиве направи нешто што веднаш покрена лавина шпекулации дека западнал во финансиски проблеми.

Американецот кој пред два месеци наполни 40 години, го стави на продажба омиленото „Бугати“.

Луксузниот автомобил, Мејведер го купи во 2015 година за 3.5 милиони долари и тој му стана еден од „миленците“ во неговиот возан парк. Боксерот често позираше и снимаше видеа во автомобилот, кој во негова сопственост не загуби на цената, туку напротив, сега е уште повреден затоа што во него се возел славниот Флојд Меведер. Па, тој сега на и-беј го продава за 3.95 милиони долари!

ebay screenshot bugattija

Ако некој случајно е заинтересиран, „Бугатито“ на Мејведер има мотор со 16 цилиндри, најголемата брзина му е 408 км/ч, а 100 км/ч достигнува само за 2.4 секунди. Од овој модел има само 150 автомобили во цел свет и нив може да си ги дозволат само оние со многу длабок џеб.

Се вчитува...