Мејведер очекува заработка од 200 милиони долари од борбата со Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов го предизвика Флојд Мејведер, а пензионираната боксерска легенда прифати да се бори со УФЦ шампионот во лесна категорија. Јасно е дека најсилниот мотив за прифаќањето на борбата е огромната финансиска добивка.

Мејведер објаснува дека од борбата со Нурмагомедов ќе добие повеќе пари од мечот со Конор Мекгрегор. Со победата против Ирецот, Мејведер заокружи бројка од 50 професионални борби без пораз.

„Кога ќе се борам со нурмагомедов ќе добијам сериозна сума, со девет цифри. сигурно 100 милиони долари повеќе. Очекувам добивката да биде околу 200 милиони долари“ – вели Мејведер.

Нурмагомедов ја продолжи серијата од 27 борби без пораз со триумфот на Мекгрегор во одбраната УФЦ титулата. Борбата беше исклучително контроверзна бидејќи рускиот борец презивика тепачка и надвор од рингот.

 

 

 

Се вчитува...