Мејведер повторно претера: Ново понижување за Мухамед Али

Поранешниот боксерски шампион Флојд Мејведер повлече бројни расправи на социјалните мрежи со тврдењата дека е најдобар на сите времиња, во еден момент порачувајќи дека е поголем и од Мухамед Али.

„Мухамед Али или Роки Марчиано? Јас сум најдобар боксер на сите времиња“ – порача Мејведер, навлекувајќи бес на спортската јавноста.

На неговата листа на најдобрите на сите времиња Али го нема ниту меѓу пет. Според него, тој е на првото место а потоа следат Витекер, Дуран, Холмес и Арон Приор.

Американецот на кого очигледно му недостасува малку скромност, сака нова борба, но за својот следен натпревар сака да земе 300 милиони долари.

Се вчитува...