Мејведер во својот дом има „стаклен портрет“ од Мекгрегор!

Портрет на Конор Мекгрегор изработен од искршено стакло, ќе ја краси новата вила на Флојд Мејведер на Беверли Хилс .

Американскиот боксер кој е еден од најбогатите спортисти во светот, секојдневно на социјалните мрежи се фали со своето богатство, со вилите и со автомобилите. Во последната борба во неговата кариера Мејведер го победи Флојд Мекгрегор и заработи неверојатни 250 милиони долари.

Екстравагантниот боксер на оргинален начин реши да ја овековечи оваа борба и нарача три метри висок портрет на својот противник.

flojd23

Авторка на ова уметничко дело е популарната Тифани Андерсон. Таа пред борбата во Лас Вегас ги изработи портретите на Мејведер и на Мекгрегор од искршено стакло и тие сега ќе го красат домот на Американецот.

Поранешната поп ѕвезда и претходно изработуваше портрети на Мејведер. Претходно таа ја овековечи и неговата победа над Мани Пакиао.

flojd

Се вчитува...