Реал Мадрид се чини ја најде замената за Лука Модриќ за новата сезона, во името на Алексис МекАлистер од Ливерпул.
Модриќ се подготвува да го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал денеска на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а во клубот веќе откриени и името на најголемиот фаворит на Перез и Алонсо како негова замена.
Аргентинецот Алексис Макалистер од Ливерпул е желба на Чаби Алонсо, и причината зошто Модриќ не доби нов договор.
МекАлистер веројатно ќе ги напушти „црвените“ ова лето, откако клубот се договори за трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Па, аргентинскиот играч за врска не сака да ја пропушти можноста да потпише за Реал Мадрид бидејќи веќе разговарал со Алонсо.
Тој има договор со Ливерпул до јуни 2028 година и се чини дека на „Енфилд“ нема ништо против неговата продажба откако беше договорен трансферот на Вирц, а Реал би можел да издвои околу 80 милиони евра за МекАлистер.
Алонсо е сигурен дека е вистинската замена за Модриќ бидејќи играат на истата позиција, а МекАлистер покажа дека е подеднакво добар и офанзивно и дефанзивно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА