Мекгрегор е предизвикан: „И двајцата навиваме за Ливерпул, ајде да го наполниме ‘Енфилд’“

Конор Мекгрегор доби предизвик за уште една спектакуларна пресметка.

Ирската ММА ѕвезда по мечот и поразот од Хабиб Нурмагомедов сега разгледува нови можности, а предизвик доби од англискиот борец Дарен Тил кој неодамна доживеа прв пораз во борбата за титула во велтер категоријата од Тајрон Вудли.

„Ја загубив последната битка, а Конор исто така. Двајцата сме од Европа, тој е навивач на Ливерпул и јас сум навивач на Ливерпул. Разбирате што сакам да кажам? Верувам дека би сакал да се бори на ‘Енфилд’ во последната борба во кариерата. Зборува и дека сака битка за појасот во велтер. Ние сме најголемите ѕвезди од Европа, па зошто би се бореле во Лас Вегас? Ајде да го наполниме ‘Енфилд’. Би било тоа спектакл. Знам дека сака борба, не се плаши од битка и не гледам причина зошто и на крајот не би дошло до неа“ – вели Тил.

Се вчитува...