Мекгрегор издржа до 10-та рунда: Мејведер со 50-та победа во кариерата!

Американскиот боксер Флојд Мејведер ја победи во Лас Вегас, ММА ѕвездата Конор Мекгрегор со прекин во 10-та рунда во долго најавуваната борба на сите борби, вредна половина милијарда долари.

По повеќемесечни преговори, провокации по медиуми, како и навреди откако мечот беше договорен, Мејведер и Мекгрегор конечно се најдоа и во рингот. На крајот Мејведер славеше 50-та победа во кариерата.

Конор во мечот влезе со 10 килограми предност во однос на Флојд, но тоа на крајот не му помогна многу против еден од најдобрите боксери на сите времиња. Почна офанзивно погодувајќи уште од првата рунда, додека Флојд боксуваше исклучително внимателно во својот препознатлив дефанзивец стил.

Како борбата навлегуваше се подлабоко, така и Мејведер беше се подобар, а видлив замор го совлада Конор кој во деветтата рунда беше раздрман. Иако прими доста удари успеа да остане на нозе, а и Мејведер како да не сакаше да го „докрајчи“ Ирецот. Но, во 10-та рунда веќе се беше готово. Судијата го прекина мечот по жестоката серија удари и прогласи технички нокаут, за 50-та победа на Мејведер во кариерата!

Floyd Mayweather Win – Floyd Mayweather… by goloviliga

Се вчитува...