МекГрегор се проба и во американски фудбал, но прописно се посрамоти (ВИДЕО)

Ирскиот УФЦ борец Конор МекГрегор првпат се појави во јавност по мечот против Хабиб Нурмагомедов во кој загуби во битката за титулата во лесна категорија.

МекГрегор го предаде мечот во четвртата рунда, а потоа беше дел и од скандалот кој го приреди Дагестанецот. Ирецот по тој инцидент не се појави на прес-конференција, а подоцна преку социјалните мрежи само порача дека сака реванш.

Но, ете седум дена подоцна МекГрегор се појави во јавност. Тој со својот тим беше на меч од американски фудбал, притоа одлучувајќи дури и да се проба во овој спорт со едноставно додавање. Но, неговиот обид не мина како што треба, па сето тоа наиде на потсмев по социјалните мрежи…

Се вчитува...