Мекгрегор се враќа во октагонот: Борба против Тони Фергусон за светската титула

Претседателот на УФЦ федерацијата, Дејна Вајт потврди дека актуелниот шампион во лесна категорија, Конор Мекгрегор ќе се бори со привремениот првак, Тони Фергусон, за светската титула во лесна категорија.

Мекгрегор е актуелен шампион, но се уште се нема појавено во октагонот по ревијалниот бокс меч против Флојд Мејведер, па ќе има можност уште оваа година да ја одбрани титулата против човекот кој го наследи, Тони Фергусон, по неговото привремено повлекување од борбите во мешани дисциплини.

Фергусон го совлада Кевин Ли во УФЦ 216 борбата и ја превзема привремената титула на шампион во оваа категорија, но победа над Мекгрегор ќе значи и превземање на тронот.

„Фергусон сака да напаѓа, сака борбата да биде во движење цело време. Мекгрегор пак, е фантастичен во рингот, нема шанси оваа борба да не биде одлична, ќе биде вистински спектакл. Тони е привремен шампион, Конор е шампионот, тоа е борбата која сите сакаат да ја гледаат, само тој дуел може да се нарече шампионски двобој. Сите шпекулации дека камбекот на Мекгрегор ќе биде борба против Нејт Диаз не се вистина, тоа е само ширење на дезинформации на интернет“, посочи Дејна Вајт.

Засега нема точен датум за борбата, но по инсистирање на Мекгрегор, најверојатно ќе се одржи пред крајот на 2017 година.

Се вчитува...