Поранешниот шампион во мешани боречки вештини на УФЦ, Конор МекГрегор, беше суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата, односно затоа што пропушти три допинг тестови.
Минатата година, ирскиот борец пропушти три теста за 12 месеци, на 13 јуни, 19 и 20 септември, бидејќи не им доставил на властите информации за неговото живеалиште, објави УФЦ.
Неговата суспензија ќе заврши на 20 март 2026 година.
„МекГрегор пропушти три обиди за земање биолошки примероци во период од 12 месеци минатата година, што претставува кршење на антидопинг правилата на UFC. Спортистите на UFC се должни во секое време да дадат точни информации за нивната локација, за да можат да бидат контактирани и тестирани без претходно предупредување“, се вели во соопштението на веб-страницата на UFC.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

