Мегваер: Деновиве беше турбулентно, но Јунајтед гледа излез од кризата преку победа над Виљареал

Тимот на Манчестер Јунајтед поминува низ тежок период. Но, „ѓаволите“ немаат многу време за опоравување, особено имајќи предвид дека ги чека натпревар против Виљареал кој е закажан за вечерва од 18.55 часот. Повеќекратниот европски првак ќе има можност да обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но за да дојдат до овој „билет“ им е неопходна победа во Шпанија.

Во моментов Јунајтед и Виљареал имаат по седум бода, Аталанта собра пет, додека Јанг Бојс има три бода.

„Во изминатите денови беше турбулентно, но Јунајтед гледа излез од кризата преку победа над Виљареал. Факт е дека доживеавме тежок пораз од Ватфорд, а потоа следуваше и заминување од клупата на Оле Гунар Солскјер. Јасно е дека не сме во одлична форма. Мислам дека Виљареал е можност да се оди напред и да се сврти нов лист. Станува збор за сериозен тим, не мачеа на првиот меч, а познато е дека минатата сезона не победија во финалето на Лига Европа. Ќе треба да го дадеме максимумот и да дојдеме до победа, која би значела многу во секоја смисла“, изјави Хари Мекгваер, моменталниот капитен на Јунајтед.

Искусниот дефанзивец уште еднаш се осврна на заминувањето на Норвежанецот од клупата на Манчестер јунајтед.

„Беше тешко за сите нас. Оле направи многу за овој клуб. Тој е голем човек и одличен тренер. Мораме да одиме понатаму, треба да ја пронајдиме најдобрата верзија од нас“, изјави Мекгваер.

Се вчитува...