Мекгваер: Не го обвинуваме Лингард, сите грешевме на овој меч

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мекгваер истакна дека неговиот тим не заслужил да загуби, па тој е свесен дека вакви работи се случуваат во фудбалот. „Црвените ѓаволи“ започнаа добро во Берн, поведоа со голот на Кристијано Роналдо, но на крајот ги оставија бодови во Швајцарија.

Јанг Бојс победи со гол во судиското надополнување на времето по катастрофалната грешка на Џеси Лингард.

„Тоа е фудбал. Луѓето грешат, не го обвинуваме Џеси Лингард. Сите грешевме синоќа. Сигурен сум дека Џеси ќе се искупи. Добро го започнавме второто полувреме. Мислам дека промените ни помогнаа многу подобро да ги одбраниме ударите во центарот, иако ние четворицата позади не можевме целосно да ги контролираме нападите во казнениот простор. Разочарувачки е она што се случи на крајот“, заклучи Хари.

По првото коло, Јунајтед неочекувано се наоѓа на последното место во групата во која е апсолутен фаворит.

„Ова е само прв натпревар во групата. Имаме уште многу работа. Ќе дадеме се од себе за да освоиме три бода на следниот натпревар и да го фатиме победничкиот ритам“, заклучи Хари Мекгваер.

 

 

 

Се вчитува...