Мекиќ: Многу тешка и многу напорна сезона, но го израдувавме Аеродром

МЗТ Скопје ја продолжи доминација на домашната сцена откако во деветата сезона стигна и до осмата титула со што ја завери децениската „сино-бела“ доминација. Овој пат во финалето составот од Аеродром се сретна со Еуро Никел, кој беше и повеќе од достоен противник на шампионот, но сепак на крајот „метлаците“ успеаја да ги израдуваат аеродромци.

Еден од оние кои имаше запазена улога во финалната серија беше Адем Мекиќ, поранешниот репрезентативец кој доби поголема ширина во вториот дел од сезоната, а денеска со шут за три поени стави и крај на серијата откако на четири минути до крајот на мечот погоди за двоцифрено водство на својот тим со што беше решен победникот.

„Многу тешка и многу напорна сезона со многу успони и падови со кои на крај успеавме да се избориме, да се издигнеме на едно ниво и да стигнеме до двојна круна. Покажавме квалитет, имавме енергија и тимска игра која не красеше во текот на целата сезона. Пресреќен сум и многу сум горд на овие момци. Благодарност и до управата за довербата која ни ја даде, се надевам дека ги исполнивме очекувањата. Го израдувавме Аеродром“, изјави за ЕКИПА, Адем Мекиќ.

Се вчитува...