Седумкратниот шампион на Грендслем турнирите, Џон Мекенро, е изненаден од одлуката на Новак Ѓоковиќ.
Според добро информирани извори од Париз, Ѓоковиќ побарал да ги игра натпреварите од второто и третото коло преку ден, на сонце.
Причината е што не можел добро да спие по натпреварот од првото коло, бидејќи играл навечер.
„Сè уште сум изненаден што Новак побарал да игра преку ден. Рече дека не спиел добро по првото коло“, вели Мекенро и додава:
„Сè уште сум изненаден, тој ризикуваше излегувајќи на жештина. Знам дека е во подобра форма и може да се справи подобро од Синер, но тоа е ризик.“
Да потсетиме, Новак загуби од Фонсека во третото коло на Ролан Гарос по пет сета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
