Ландо Норис ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за ГН на Монако откако возачот на Мекларен извозе перфектен круг во денешните квалификации.
Тој оствари време од 1:09,954 минута, што е најбрз круг во историјата на оваа трка, успевајќи да стигне до првото место пред домашниот љубимец Шарл Леклер во болидот на Ферари.
Третото место во квалификациите му припадна на Оскар Пијастри, додека Луис Хамилтон ќе ја стартува утрешната трка од четвртата позиција.
Актуелниот светски првак Макс Ферстапен го освои само петтото место во денешните квалификации, пред дебитантот Исак Хаџар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА