Мекларен произведе автомобил посветен на Сена

Мекларен го престави својот „најекстремен“ модел на автомобил кој го носи името на легендарниот Аиртон Сена.

„Мекларен Сена“ е базиран на моделот 720С и е за 200 кг. Полесен од директниот конкурент Ферари 488. Исто така новиот моедле на Мекларен е помоќен со подобрена верзија на 4-литарски турин-турбо В8 мотор кој развива 800 коњски сили. Преносот е автоматски со седум степени со двојна спојка. Засега не се уште не се објавени деталите за забрзувањето и за максималната брзина.

Во претставувањето на моделот, компанијата ветува „најчиста врска меѓу возачот и возилото, која ја обезбедува Мекларен на патот“.

Специјалниот модел „Мекларен Сена“ е комбинација на карбон и стакло, аеродинамиката максимално ја зголемува притисната сила, а транспарентните елементи на вратите и на кровот , на возачот му даваат поинаква перспектива.

Амбасадор на брендот е поранешниот возач во Формула 1 и еден од членовите на семејството, Бруно Сена.

„Јас сум исклучително горд што името на семејството се поврзува со новиот автомобил кој вистински потсетува на натпреварувачкиот дух на Аиртон“ – изјави Бруно Сена.

„Мекларен Сена“ќе се произведува во лимитирано издание до 500 примероци, а цената на автомобилот во В.Британија изнесува 750.000 фунти.

Се вчитува...