Мекларен со Фернандо Алонсо влегува во Индикар?

Тимот на Мекларен подготвува проект за враќање во Индикар серијата заедно со Фернандо Алонсо. Шпанецот вчера објави дека на крајот на сезоната ја завршува својата кариера во Формула 1 и дека му треба нов предизвик.

Тој веќе се поврзува со Индикар уште од пред неколку месеци и најави дека си има поставено цел да ја освои „тројната круна“ во мотоспортот – победа на Ф1 трката за ГН на Монако, 24часа Ле Ман и Инди 500. Од трите натпреварувања, на Алонсо му недостасува победа во американските автомобилски серии.

Во 2017 година Шпанецот учествуваше во најпрестижната трка од Индикар, но не успеа да ја заврши, се откажа на 21 круг пред крај поради технички проблеми на возилото.

„Новоста од Алонсо ги воодушеви фановите на Индикар кои сакаат тој да вози цела сезона од следната година. Мекларен работат засилено за да ги подготват сите работи за влегување во сериите во Индикар и ние ги поддржуваме со се што можеме. Но, се уште ништо не е финализирано и не знам дали ќе биде до крајот на 2018“ – иајави шефот на Индикар, Марк Мајлс, по објавата на Алонсо дека завршува со Формула 1.

Според најавите, во Мекларен сакат да создадат тим  за Индикар со двајца возачи. Како потенцијален совозач на Алонсо се споменуваше Скот Диксон, но тој пред неколку дена потпиша договор со тимот Чип Ганаси Рејсинг.

Се вчитува...