Меколум го „украде“ шоуто на Харден

Портланд во супердраматичен натпревар го совлада Хјустон со 128-126, меч што мина во пресметка на Си-Џеј Мекалум од едната и Џејмс Харден на спротивната страна. Харден, кој се уште инсистира на заминување од Хјустон, одигра извонредно постигнувајќи 44 поени и 17 асистенции, но Меколум беше човекот на одлука, постигнувајќи ја клучната тројка на седум секунди до крајот, деветта за бекот на Портланд на овој натпревар. „Ракетите“ го имаа последниот напад за победа, но Харден ја загуби топката.

Атланта стигна до нов триумф, овојпат од 112-122 на гостувањето против Мемфис. Тре Јанг беше најефикасен со 36 поени, за втора победа на „јастребите“ од стартот на сезонава. Драматично беше на дуелот меѓу Детроит и Кливленд, на кој гостите по две продолженија стигнаа до триумф од 119-128.

Резултати НБА: 

Мемфис – Атланта 112-122, Шарлот – Оклахома 107-109, Детроит – Кливленд 119-128 (по прод.), Вашингтон – Орландо 120-130, Њујорк – Филаделфија 89-100, Чикаго – Индијана 106-125, Сан Антонио – Торонто 119-114, Јута – Минесота 111-116, Сакраменто – Феникс 106-103, Портланд – Хјустон 128-126.

Се вчитува...