Мексико го постигна првиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Сосема очекувано, Мексико успеа да поведе на дуелот со Јужна Африка на отворањето на Светското првенство. „Ацтека“ експлодираше во 9. минута кога Кињонес успеа да ја казни грешката на африканската селекција, и поведе со 1-0.

И покрај тоа што Јужна Африка ја имаше топката, сепак, одбраната направи огромна грешка и овозможи Мексико да слави рана предност.

Претходно Мексиканците имаа прилика и порано да дојдат до предност, но голманот на „гостите“ успешно интервенираше по ударот на Раул Хименез.

Се вчитува...