Светското првенство во 2026 година конечно започнува, а честа да го отворат најголемиот фудбалски турнир во светот им припадна на домаќинот Мексико и на Јужноафриканската репрезентација.
Првиот натпревар од Светското првенство ќе се игра вечерва од 21 часот, по средноевропско време, на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.
Ова ќе биде повторување на отворањето на Светското првенство во 2010 година кога Јужноафрииканската република (ЈАР), како тогашен домаќин, го пречека Мексико во Јоханесбург. Натпреварот пред 84.000 гледачи заврши без победник 1-1, а спектакуларниот гол на Сипиве Шабалала, првиот гол на турнирот, сè уште се памети.
„Ацтека“ ќе биде домаќин на првиот од вкупно 104 натпревари на шампионатот.
Денес, 16 години подоцна, ситуацијата е малку поинаква – Мексиканците се апсолутни фаворити во овој натпревар, но и во нивната Група А, во која се и Јужна Кореја и Чешка.
МАЛКУ ПОДАТОЦИ ЗА МЕКСИКО…
- Мексико е непоразен во последните седум воведни натпревари на Светското првенство.
- Ниту еден од деветте натпревари на Јужна Африка на Светското првенство не завршил со резултат 0-0.
- Селекторот на Мексико, Хавиер Агире, има причина за оптимизам пред турнирот. Неговиот тим никогаш не загубил натпревар на светски првенства на „Ацтека“, постигнувајќи пет победи и две нерешени резултати.
- Мексиканците не загубиле прв натпревар на Светското првенство од поразот од Норвешка во 1994 година. Од тогаш, тие имаат пет победи и две нерешени натпревари во седум едноподруго отворања.
- За Мексико, ова ќе биде 18-ти настап на Светското првенство, што е рекорд меѓу националните тимови од зоната КОНКАКАФ.
- Ниту една репрезентација не одиграла повеќе натпревари на Светското првенство, без никогаш да ја освои титулата – Мексиканците досега собрале 60 настапи.
- Мексико стигнал до четвртфинале во 1970 и 1986 година.
- Агире, кој се врати на клупата по третпат во 2024 година, ќе го предводи Мексико на Светското првенство по третпат, по турнирите во 2002 и 2010 година.
- Од тренерите што се дел од актуелното Светско првенство, само Дидие Дешамп ја предводеше истата репрезентација со Франција на повеќе светски првенства.
- Многу внимание пред почетокот на турнирот е насочено кон напаѓачот Раул Хименез, кој треба да го предводи нападот на домашната екипа.
МАЛКУ ПОДАТОЦИ ЗА ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА…
- Селекторот на Јужна Африка, Иго Брос, има свои адути. Најголемата закана за голот на Мексико би можел да биде Освин Аполис, кој за време на квалификациите директно учествуваше во шест гола на својата репрезентација – постигна два гола и запиша четири асистенции. Неговите игри беа клучни за освојување на првото место во квалификациската група.
- За време на квалификациите, ЈАР заостануваше само еднаш, во поразот од Руанда (0-2) во ноември 2023 година, не сметајќи го официјалниот пораз од Лесото поради настапот на играч кој немаше право да игра.
- Благодарение на импресивните квалификации, „Бафана Бафана“ ќе го игра своето четврто светско првенство и прво надвор од границите на нивната земја од 2002 година.
- ЈАР никогаш претходно не ја поминале групната фаза.
- Ова ќе биде нивна втора средба со домаќинот на СП. Првиот пат кога загубија од Франција беше со 3-0 на Светското првенство во 1998 година.
- Интересно е што ниту еден од деветте натпревари на ЈАР на Светското првенство не завршил без голови.
- Нивните единствени победи се против Франција во 2010 година и Словенија во 2002 година, додека триумфот над Словенците (1-0) остана нивниот единствен натпревар без примен гол на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
