Мектоминеј опериран, нема да игра со Македонија

Скот Мектоминеј беше успешно опериран во клиниката во Манчестер при рутинскиот зафат на срцето откако на шкотскиот фудбалер му беше утврдена аритмија, објави денеска неговиот клуб Наполи.

Минатата седмица беше објавено дека Мектоминеј ќе прекине со тренинзите со тимот поради проблеми со срцето, додавајќи дека проблемот не е премногу сериозен, но сепак мора да биде решен да не се ризикува со здравјето на овој одличен фудбалер.

Хируршкиот зафат минал беспрекорно, а Наполи објави дека Мектоминеј ќе паузира од тренинзи најмалку две седмици, по што неговиот камбек се очекува по репрезентативната пауза.

Ова значи дека шкотскиот ас нема да може да настапи за својата репрезентација против Македонија, на дуелот во Скопје закажан за 3 октомври.

Се вчитува...