МЕЛБУРН ИМА САМО ЕДЕН КРАЛ! – Деветта титула за Ѓоковиќ на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го освои својот деветти Австралија опен, откако во финалето на првиот грандслам во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови (7-5, 6-2 и 6-2).

Србинот одлично го отвори првиот сет и брзо поведе со 3-0. Русинот возврати на ист начин и брзо се врати во игра (3-3). Сетот беше израмнет се до резултат 6-5, кога Ѓоковиќ направи брејк што беше доволен за негово освојување. Во вториот сет Медведев прв направи брејк, но тоа беше се од него. Ѓоковиќ влезе во својот препознатлив ритам и без поголеми проблеми го освои со 6-2. Во третиот сет само рутински ја заврши работата освојувајќи го со идентични 6-2.

За Ѓоковиќ ова е 18-ти грандслем трофеј во кариерата и сега е само на два негатива од Роџер Федерер и Рафаел Надал кои се на првата позиција на вечната листа со по 20 освоени трофеи од најголемите турнири. Со самиот пласман во финалето Ѓоковиќ го осигура првото место што значи дека на 8. март ќе го урне рекордот на Роџер Федерер за најмногу поминати недели на врвот на АТП листата.

Се вчитува...