Мелиќи ја одби Албанија – ќе игра за Македонија: Албанската селекција одбиена од уште пет играчи!

Еден од најталентираните македонски фудбалери, стоперот Анес Мелиќи од редовите на Шкендија кажа „не“ на поканата од Албанија за настап во националниот тим на западниот сосед.

Малиќи, според медиумите од Албанија, и дефинитивно одлучи во иднина да го носи дресот на Македонија, засега во младата репрезентација.

Интересно, за само седум дена, фудбалската репрезентација на Албанија остана без голем број квалитетни фудбалери кои избраа да играат за други национални тимови.

Фудбалскиот сојуз на Албанија ја загуби и битката за играчот што долго време го посакуваа во нивниот дрес, Брајан Груда, кој останува лојален на германската селекција. Тој доби покана од новиот тренер Јирген Клоп и повеќе нема дилема за кого ќе настапува.

22-годишниот офанзивен играч ги помина сите младински селекции во Германија, Албанците се обидоа да го убедат да игра за земјата на неговите родители, но не успеаја и сега сè е готово.

Груда не е единствениот што Албанците го загубија во претходните денови. 17-годишниот Адри Мехмети ја одби поканата на Албанија и остана лојален на селекцијата на САД. Талентираниот фудбалер на Њујорк Ред Булс го кажа своето и не размислува за татковината на своите родители.

Писмото за одбивање за оваа селекција пристигна и од Швајцарија. Лутфи Далипи, талентираниот напаѓач на Вадуц, не ја прифати поканата по преговорите со Фудбалскиот сојуз на Албанија и останува дел од младинската селекција на Швајцарија.

Вистинскиот потоп на Албанци се случи и во случајот со двајца млади фудбалери. 17-годишните Матијас Зогу и Фабио Рефатлари избраа да настапуваат за Грција, иако за нив, со оглед на годините, се уште има можност за промена.

Се вчитува...