Мелоун: Интересно е тоа што луѓето почнаа да мислат дека ние сакаме да губиме 3-1

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун говореше за финалната серија во Западната конференција против Лос Анџелес Лејкерс. Тимот од ЛА води со 3-1, а медиумите веќе почнаа да веруваат дека Денвер ужива во оваа негатива бидејќи од истата се вратија и против Јута Џез и против ЛА Клиперс.

„За жал ние губиме 3-1 од Лејкерс. Интересно е тоа што луѓето почнаа да мислат дека ние сакаме да губиме 3-1, но тоа не е точно. Колку би сакал да водевме 3-1“, изјави Мелоун. 

Петтиот натпревар од серијата на програмата е вечерва во 3 часот по полноќ.

Се вчитува...