Мелоун за Балканците во НБА: Тоа се момци си висок IQ…, тие во суштина ја знаат кошарката!

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун изнесе интересен став за играчите кои во НБА доаѓаат од Балканот.

Во победата на Денвер над Атланта од 129-122 централни фигури на дуелот беа српските кошаркари Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ кој го собори рекордот на кариерата и мечот го заврши со 40 поени, три скока, три асистенции со 10 погодени тројки и 14-24 од игра, додека Никола постигна 25 поени плус со девет асистенции.

Мелоун по мечот доби прашање дали знае дека Србија е шесткратен светски шампион, во игра со многу додавања поради што Балканците се толку добри асистенти.

„Тие момци почнуваат да играат многу млади, и не само што играат онака, туку веднаш почнуваат да ги учат кошарка. Мислам дека тоа е разликата со САД. Клинците тука играат добро, но дали учат кошарка како вистински се игра? На Балканот ги учат да играат кошарка со ум, затоа има толку многу момци од таму со висок IQ. Од мали нозе ги тренираат на тактичка кошарка. Па, тие знаат не само како да си помогнат на сами себе во играта, туку што е уште поважно како да им помогнат на соиграчите. Навистина сум благодарен што имаме еден таков ас од Балканот во тимот“ – рече Мелоун.

Се вчитува...