Џим Гудвин, менаџерот на Данди Јунајтед, откри дека Бојан Миовски помогнал во ангажманот на Кристијан Трапановски во овој тим.
Трапановски потпиша двегодишен договор со Данди, во опција за продолжување на уште една година. Гудвин беше човекот кој го донесе Миовски во Абердин, и сега по истиот рецепт сака да постигне успех и во својот нов тим.
„Трапановски успеав да го ангажирам поради мојата врска со агентот на Миовски. Миовски кажа многу добри зборови за него, и ни помогна да го донесеме Кристијан во Данди“, изјави Гудвин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА