Менди од Челси – најдобар голман во фудбалска Европа

Едуард Менди ја доби наградата за најдобар голман во фудбалска Европа за минатата сезона, на церемонијата што УЕФА денеска ја одржува во Истанбул паралелно со ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Голманот на Челси бранеше фантастично цела сезона, од 12 средби во ЛШ дури на девет не прими ниту еден погодок, што беше доволна препорака за да се закити со големата награда.

За најдобра голманка во женска конкуренција беше избрана Сандра Пањос од Барселона.

Се вчитува...