Менди ’паднал’ на медицински прегледи во Реал Мадрид, ќе има уште една шанса за трансфер

Реал Мадрид минатата седмица го најави ангажманот на Ферлан Менди, левиот бек на Лион, но трансферот сепак не беше реализиран. Шпанските медиуми откриваат дека всушност Менди на 4 јуни не успеал да ги мине медицинските прегледи кои се задолжителни пред да се стави потпис на договорот. Тој имал проблеми со болки во грбот, по што трансферот е одложен за неколку дена.

Според информациите, Менди ќе дојде на нови медицински прегледи во Мадрид на 12 јуни, откако ќе ги заврши обврските кон францускиот национален тим. „Триколорите“ по поразот од Турција имаат лесна задача на гости против Андора.

Се вчитува...