Менхенгладбах се зацврсти на врвот во Бундеслигата по триумфот над Херта

Борусија Менхенгладбах се зацврсти дополнително на врвот во Бундеслигата по победата во првиот натпревар од 4. коло против Херта од 1-0.

Домашните беа многу подобар тим на дуелот во текот на целиот натпревар, а до трите бода дојдоа благодарение на голот на Плеа во 34. минута.

Хофман во 70. минута не реализираше удар од белата точка и за поубедлива победа на Менхенгладбах.

Се вчитува...