Менхенгладбах со „петарда“ против Аугсбург до нов лидер во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах е нови лидер во германската Бундеслига откако во 7. коло славеше убедливо со 5-1 против Аугсбург.

Целокупната задача Менхенгладбах си ја заврши уште во првото полувреме кога се стекна со предност од 4-0. Херман во два наврати и Закариа и Плеа беа стрелци на головите за домашните. Во второто полувреме Нидерлихнер во 80. минута намали за гостите на 3-1, а Емболо во 83. минута заокружи на 5-1.

По оваа победа Борусија Менхенгладбах со 16 бода, сега е на два бода предност во однос на Баерн Минхен, Фрајбург, Лајпциг, Шалке 04, Баер Леверкузен…

Се вчитува...