Расистичките навреди кон Мајк Мењон на синоќешниот дуел меѓу Удинезе и Милан се уште се главна вест во италијанската јавност, а осуди кон домашните навивачи пристигнуваат буквално од сите страни.
Денеска со соопштение се јави и Градоначалникот на Удине, Алберто Феличе де Тони, кој предложи Мењон да стане почесен граѓанин на Удине.
„Нашиот град е град за сите луѓе. Удинезе не е расистичко место, има богата историја на добредојде за сите кои барем еднаш го посетиле овој град. Затоа сакам лично да му се извинам на Мењон и да го поканам да дојде во Удине, за спроведување на конкретни иницијативи во кои ќе бидат вклучени млади луѓе, со поддршка на Фондацијта Милан. Исто така, ќе му предложам на Градскиот совет да изгласа Мењон да стане почесен граѓанин на Удине. Лично, бев многу повреден од она што се случи на стадионот вчера, затоа сакам да истакнам дека градот Удине, фриулуијанците и искрените навивачи на Удинезе се целосно против она што се случи“, изјави Де Тони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА