Мерит Хемпе е нова репрезентативка на Македонија

Мерит Хемпе ќе ја замени Девона Бонер на местото на натурализирана кошаркарка во репрезентацијата на Македонија. 28-годишната Американка ја покрива крилната позиција и се очекува да биде од голема помош во предизвиците кои следат.

Универзитетската кариера Хемпе ја помина во Џорџија, а европската ја започна во сезоната 2015/16 во германски Кемниц. Во следната сезона настапуваше во Русија за Казаночка, а од 2018 до 2022 година настапуваше во Шпанија за АЕ Седис, Ман Филтер, Енсино и Зарагоса, а оваа сезона се натпреварува во чешката Прага.

Хемпе ќе биде дел од нашата најдобра женска селекција за дуелите на крајот на ноември против Белгија и Германија.

Се вчитува...