Меркел даде зелено светло: Бундес-лигата продолжува!

Натпреварувањето во Бундес-лигата ќе може да продолжи во втората половина од месец мај, беше објавено по денешниот повеќечасовен состанок на германските власти на кој се дискутираше за повеќе теми поврзани со олеснување на мерките за коронавирусот.

За спортската јавност најважно беше дали повторно ќе се игра фудбал, најпрвин се појави информација дека сезоната ќе биде дополнително одложена бидејќи канцеларката Ангела Меркел барала дополнителен карантин од по 14 дена за сите фудбалери, но набрзо тоа беше демантирано. Постоеја сите предуслови за зелено светло од 15 мај, но проблем претставувал ставот на Вердер, откако клубот од Бремен се пожалил дека се уште не почнал со тренинзи и побарал продолжението да биде најрано на 22 мај.

Одбивајќи да даде конкретен датум, Меркел само објавила дека Бундес-лигата може да продолжи. Со тоа, се дава зелено светло Германската Фудбалска Федерација на состанок со клубовите кој е закажан за утре и дефинитивно да го утврди новиот термин за продолжение на фудбалскиот шампионат (речиси сигурно е дека тоа ќе биде 22 мај).

Бундес-лигата е прва од Топ5 лигите во Европа што дефинитивно реши да продолжи со натпреварувањето, па останува да се види дали овој тренд ќе го следат Серија А, Премиер-лигата и шпанската Ла Лига.

Се вчитува...